Македонскиот фудбалски второлигаш Охрид го претстави првото засилување во зимскиот преоден рок, а тоа е искусниот Алтин Лога. 33-годишниот фудбалер може да игра на повеќе позиции во нападот, а досега има настапувано за екипите на Победа, Гостивар, Елбасан, Дуќанџик, Лачи, Фљамуртари, Воска и Караорман.
Инаку Охрид е на шестата позиција во ВМФЛ со 26 бода.