Данската ракометна ѕвезда Мадс Менса Ларсен е негативен на коронавирусот и со тоа ќе биде подготвен за воведниот натпревар против Белгија на Светското првенство во петок.
Во вторникот стана јасно дека бекот бил позитивен на вирусот, но бидејќи се работи за слаб позитивен тест, тој направил уште една денеска, кој се покажа дека е негативен.
„Добро е. Поглавјето заврши, а сега со нетрпение чекам да излезам и повторно да играм ракомет и да се борам со тимот на СП“, изјавил Мадс Ларсен.