Неверојатно: Уште сега “Вембли“ е распродаден за дуелот на 6 април меѓу Англија и Бразил, ама за женските селекции!

199
Foto: Arne Müseler

Просто неверојатно колкава популарност доживува женскиот фудбал на Островот, посебно во Англија. Имено уште сега е распродаден „Вембли“ и тоа за меч кој ќе се игра на 6 април меѓу женските селекции на Англија и Бразил, кој ќе биде своевидна “финалисима“ меѓу шампионите на Европа и Ј.Америка. Пламнаа сите 90.000 билети и тоа за натпревар кој ќе се игра за три месеци.

Да потсетиме дека во октомври минатата година Англија ја победи Германија во финалето на ЕП и тоа пред рекордни, за женски фудбал, 90.000 гледачи.

ПретходноФеран Торес и Стефан Савиќ суспендирани по два натпревари
СледноРаботнички почна со подготовки и претстави три нови имиња