Стартува Мундијалот: Данска по историја, Франција и Полска први на терен!

226

Со дуелот меѓу Франција и Полска денеска и официјално стартува Светското првенство во Шведска и Полска. Оваа единствената средба која ќе се одигра вечерва (21 часот), а истата на програмата е во Катовице, градот домаќин на групите Д и Е.

Франција на овој Мундијал влегува како репрезентација со најмногу златни медали, ги има вкупно шест, четири бронзи и едно сребро. Француските и полските ракометари се наоѓаат во групата Б заедно со Словенија и С.Арабија. Полска на денешната средба против „триколорите“ ќе има дополнителен мотив, како еден од организаторите ќе игра пред полни трибини. Покрај ова можат да го искористат моментот што француската репрезентација во составот ќе ги нема Нгсан, Вилмино, Мин, Бос, Конку, Конан и Пардан.

 

Бранител на тронот е селекцијата на Данска која може да стане првата земја која успеала три пехари во низа. Оваа репрезентација го освои златото во 2021 и 2019 година. Данците во групната фаза имаат лесна задача, ќе играат против Белгија, Бахреин и Тунис.

Шведска, Романија, Франција и Данска се четирите репрезентации што успеале да ја одбранат титулата. Франција и Романија по двапати.

Еден од кандидатите за тронот е главниот домаќин на ова СП. Шведска, исто така не би требало да има проблеми во групата Ц, ќе игра против Бразил, Зеленортски Острови и Уругвај. Оваа репрезентација има вкупно 12 медали на Мундијалите, по четири злата, сребра и бронзи.

Изненадувачки кога сме кај поредокот со медали, на третото место е Романија. Има четири злата и две бронзи. Но, оваа земја нема да игра на СП, причината е Македонија.

ПретходноМадс Ларсен доби негативен тест, ќе игра в петок против Белгија
СледноЃорческа тргна со победа на ИТФ Фјучерсот во Талин