РК Вардар од денеска во својот ростер ги има Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов. Клубот и официјално ги потврди како свои нови членови нашите репрезентативци со кои Вардар добива сериозни засилувања за пролетната етапа.
И обајцата според првичниот план требало да пристигнат во „црвено – црниот“ табор следното лето, но очигледно дека на Вардар му се потребни шест месеци порано.