На вечерашниот меч од Евролигата меѓу Ц. Звезда и Монако, навивачите на белградските „црвено-бели“ извадија интересен транспарент во својата сала, наменет за некогашниот свој кошаркар, а сегашен прв човек на македонската кошарка, Перо Антиќ.
Алудирајќи на критиките кои навивачите ги упатија кон Антиќ поради тоа што на спектаклот „Сите ѕвезди“ одржан во СЦ „Борис Трајковски“ се појави со дуксер „Црвена Звезда“, популарните „Делии“ излегоа со транспарент: „Не те сакаат затоа што си наш. Најдобро чувство е кога си Звездаш. Перо Антиќ“.