Италијанскиот напаѓач Лоренцо Инсиње призна дека минатото лето одбил неколку понуди од екипи од Серија А. Причината за тоа е неговата љубов кон Наполи, клубот во кој се прослави. Тоа лето тој одлучи да премине во канадскиот Торонто како слободен играч.
„Имав неколку понуди од Италија, но јас еднаш кажав и тоа важи. Јас сум неаполитанец и фан на Наполи, па така ако се враќам во Серија А тоа ќе биде само во тој клуб. Не сакам да ги изневерам фановите ниту луѓето од Наполи“, изјави Инсиње.
„Имав понуди и од странство, но не бев импресиониран од нивните проекти, за разлика од оној на Торонто. Не ми беше лесно бидејќи никогаш не сум бил толку далеку од дома, но максимално го искористувам ова искуство. Сега сакам само да уживам и да се обидам да победам со овој тим“, прокоментира поранешниот италијански репрезентативец.