Ракометарите се „чекираа“ во Краков: Добредојдовте момци (ФОТО)

264

Македонската ракометна репрезентација веќе е во Краков. Нашите момци од чартер лет пристигнаа во полскиот град, кој е домаќин на нашата група во Светското првенство, кое за Македонија стартува утре.

Кирил Лазаров за овој Мундијал поведе 18 имиња, тројца ракометари отпаднаа од списокот, но истите ќе бидат на готовс, во секој момент можат да пристигнат во Полска.

Прв противник на СП е Норвешка, мечот се игра утре со почеток во 20:30 часот.

ПретходноКристопанс му подаде рака на вториот Шпанец кој на Вардар му донесе титула во ЛШ!
СледноЛина Ѓорческа во 1/4 финалето во Талин