Треба да лежи во затвор за сексуален напад, а тој тргна да си бара нов клуб

577

Поранешниот бразилски репрезентативец Робињо е во потрага по нов клуб. Не му се оди во пензија туку и на 38 години чувствува дека е способен да игра фудбал. Иако во Италија е осуден на 9 години затвор поради сексуален напад на девојка во ноќен клуб во Милано, сепак, некогашната голема ѕвезда на светскиот фудбал се надева на кам-бек на фудбалските терени.

Сепак, тоа нема да биде во Италија или било која држава во Европа затоа што може да биде затворен, туку во родниот Бразил каде што не може да биде екстрадиран. И покрај скандалозното и насилно минато, некогашниот напаѓач на Манчестер Сити, Реал Мадрид и на Милан преговара со два бразилски клуба од Серија Д.

Едниот е Португеса Сантиста, а другиот Брасиленсе.

Инаку последен клуб на Робињо беше Сантос но се задржа само неколку денови.

ПретходноЧави: Знам дека ќе ме „убиете“ ако не освојам трофеј
СледноКаменица Саса со нов тим и нови амбиции