По Европското првенство минатата година, Кирил Лазаров за првпат во својата селекторска кариера ќе ја предводи Македонија на едно Светско првенство.
Лазаров е пред голем предизвик, бидејќи составот е далеку поинаков, репрезентацијата е подмладена, па патот ќе биде тежок.
Кире на ова првенство влегува како втор најмлад селектор, после Патрик Ромбел од Полска. Ромбел има 39-години, додека Лазаров има 42 години исто колку и Роберто Гарсија Парондо од Египет, Урош Зорман од Словенија и Чема Родригез, кој ќе ја предводи Унгарија.
Топ-10 листата на најмладите селектори ја сочинуваат уште Маркус Оливеира од Бразил (43 години), Зоран Рогановиќ од Црна Гора (45), Хрвоје Хорват од Хрватска (45), Гилјом Жил од Франција (46) и норвешкиот кормилар Јонас Виле (46).