ФИФА ги објави номинациите за најдобрите во 2022: Меси, Мбапе, Нејмар, Бензема, Халанд…(ФОТО)

99

ФИФА денеска ги објави номинациите во повеќе категории за најдобрите во 2022 година, за наградата „ The Best. Поточно ќе бидат прогласени најдобрите во сезоната 2021/22 и плус СП во Катар.

Во категоријата за најдобри фудбалери тука се: Меси, Мбапе, Нејмар, Халанд, Алварез, Белингам, Бензема, Де Брујне, Хакими, Винициус, Левандовски, Мане, Модриќ, Салах.

За најдобри тренери номинирани се: Гвардиола, Анчелоти, Реграуги, Скалони, Дешамп.

Познато е дека за најдобрите во повеќе категории, својот глас ќе го дадат капитените и селекторите на сите репрезентации во светот. Исто така ќе гласаат и фановите и медиумите.

Гласањето започнува денеска и ќе трае до 3 февруари, а најдобрите ќе бидат прогласени на 27 февруари.

Image

Image

Image

ПретходноОфицијално: Зајков не е веќе фудбалер на Ворскла! (ФОТО)
СледноСловенците убедливи против селекцијата на екс – тренерот на ЖРК Вардар, Унгарците со победа, Вујовиќ ја доби драмата против Чиле!