Колумна на Пиневиќ од Спортске новости: Скандинавците во прв план! За промените во Македонија не помага еуфорија, само доследност и поддршка!

255

Од Загреб, Дражен Пиневиќ (новинар на Спортске Новости)

Како и минатата година, така и оваа, СПОРТМЕДИА одлучи да го контактира големиот пријател од Хрватска, Дражен Пиневиќ. Станува збор за искусен новинар, кој долго време е во овој спорт и добро го познава ракометот.

Пиневиќ за нашиот портал подготви уште една одлична колумна за Мундијалот кој официјално стартуваше вчера.

Ракометот влезе во силен ритам, со премногу натпревари за врвни играчи и се помалку изненадувања. Повеќето прашања се сведуваат на тоа кој во кој состав ќе дојде на Мундијалот, за жал поради ИХФ и кој ќе биде негативен на Ковид-19.

Во никој случај нема да биде добро доколку тој факт го одреди текот на СП, бидејќи тоа нема никаква смисла. Да се тестираат оние кои имаат симпотми е во ред, но не и сите, што пак е работа на лекарските тимови на репрезентациите кои се грижат за здравјето и на никој нема да му падне на памет да стави болен играч во оган по секоја цена. Зошто ИХФ не сака да верува во тоа, многу е тешко да се каже.

Ја видов Македонија на „Кроација Купот“ пред неколку дена во Хрватска. Игра брз ракомет, многу поинаков од претходни, беа ослабени за Никола Митревски и Филип Талески, но дефинитивно се репрезентација која оди на СП како аутсајдер, но не значи дека однапред ќе се предаде. Ентузијазмот што ги носи е огромен и на сите ќе им биде тешко.

Македонија со доаѓањето на Кирил Лазаров на чело дојде во ситуација да мора да прифати промена на генерација. Проблемот со Вардар можеби сето тоа го тежни, но сето она што го направи Вардар во изминатите години се уште му дава крила на македонскиот ракомет. На Европското првенство минатата година покажа колку е тоа тешко, трипати беа поразени во првиот круг, но ниту сега нема да им биде полесно. Норвешка е апсолутен фаворит, Холандија е хит репрезентација од последното ЕУРО, додека Аргентина е сериозен тим кој неверојатно ќе се бори за следната рунда што ќе биде голем успех.

Во тимот веќе ги нема сегашниот селектор Лазаров, Миркуловски, Стоилов, Ристовски. Од искусните останаа Митревски и Кузмановски, кои се единствени кои играат во силни клубови, како и Георгиевски кој игра за Вардар. Ваквите промени мораат да се почувствуваат. За таа промена не помага еуфорија, само доследност и поддршка.

Европа доминира, но Бразил, Аргентина, Египет, Тунис, Катар се сериозни репрезентации. Ако Уругвај е единствениот аутсајдер, можеби и САД, тогаш сите останати можат некако да изненадат.

Фаворити на СП има неколку, не се новост, но постои и фактот дека има многу репрезентации кои се подготвени да ја нападнат круната, доказ дека ракометот напредуваше во целост.

Број еден фаворит е Данска, која доаѓа со две титули на СП во низа, која нема проблем со повредени играчи, чии ракометари играат во големи и силни клубови.

Мојот впечаток е дека Скандинавците ќе доминираат на ова СП, па меѓу фавортите ги ставам и останатите. Шведска е актуелен европски првак, во Норвешка се врати Сагосен со кој беше 50% подобра, а Исланд е селекција која најмногу напредува, четири години е заедно и има сјајни индивидуалци. И воопшто нема да биде изненадување ако оди до крај.

Две репрезентации кои од првиот ред можат да ги замрсат сметките се Франција и Шпанија. Франција е секогаш силна, а Шпанија секогаш се бори за медали, која е најдобро поставена од Жорди Рибери.

Има многу од кои се спремни да влезат во битката за место кое води во олимписките квалификации за Париз 2024 година. Тоа во суштина се основните цели на првенството, на кое светскиот првак добива директен пласман на ОИ 2024 година.

ПретходноЈокиќ го „уништи“ и Финикс, Браун постигна 41 поен во триумфот на Бостон
Следно„Оскарот“ оди кај… (видео)