Чави: Знам дека ќе ме „убиете“ ако не освојам трофеј

102

Реал Мадрид се пласира во финалето на Суперкупот по победата над Валенсија, а го чека ривалот во финалето. Барселона вечерва ќе игра против Бетис во другото полуфинале на турнирот.

Мотивирани сме, мирни сме, се е во ред. Ништо нема да се промени ако не го освоиме Суперкупот, но јас сум тука за да победиме. Ако нема трофеи, знам дека ќе ме „убиете“ (за новинарите). Исклучително сум возбуден и ќе се обидам да го освојам првиот трофеј како тренер на Барселона. Ако го освоиме Суперкупот, тоа ќе ни даде огромен поттик. Ќе бидеме разочарани ако не успееме, но нема да правиме никакви драми“, рече Чави во пресрет на натпреварот со Реал Бетис.

Тренерот на Каталонците не смета дека неговиот тим е фаворит во натпреварот.

Не, не сметам дека сме фаворити. Бетис е комплициран и тежок противник кој сака да владее со топката. Ќе биде тешко“, смета поранешниот фудбалер.

ПретходноТони Симиќ е нов тренер на Навико Академија ФМП
СледноТреба да лежи во затвор за сексуален напад, а тој тргна да си бара нов клуб