Македонската репрезентација мака мачи со Норвешка. Разликата со која губиме е голема, а селекторот Кире Лазаров сигурно ќе има многу замерки кон своите ракометари кои откако стигнаа до 9:9 паднаа.
Во тие моменти Лазаров реагираше бурно. Реагираше кон Мартин Серафимов кој во заработи исклучување. Кире луто му „одржа“ лекција. А имаше и зошто. По неговото исклучување Норвежаните направија убава серија и резултатски се одлепија по што на нашите ракометари им стана пеколно тешко да се вратат.