Најденов промовиран во Локомотив Ташкент

519

Македонскиот фудбалски интернационалец, Бојан Најденов и официјално е нов член на тимот на Локомотив од Ташкент. Офанзивецот зимава замина од Академија Пандев во еден од најдобрите тимови во Узбекистан со што ја збогати својата интернационална кариера со уште една дестинација.

Ова за Најденов не е прв клуб во оваа земја, затоа што претходно беше дел од тимот на Навбахор. Настапуваше и за Лаци во Албанија, Естегал во Иран, Смуха во Египет, додека пак во домашниот шампионат кокрај за Академија Пандев настапуваше и за Работнички, Вардар, Хоризонт Турново и Кожуф.

„Секако дека сум презадоволен од уште еден интернационален трансфер. Благодарност до раковдните структури и стручниот штаб на Локомотив за укажаната шанса, и ќе сторам се за истата да ја оправдам“ – ни изјави Бојан Најденов.

ПретходноДенеска на СП: Македонија на Кире против фаворитот Норвешка, играат и Србија, Хрватска, Данска…
СледноМомци само храбро, Македонија веќе е горда на вас!