Стручен коментар – Ристо Магдинчев: Позитивни први 20 минути, од поразот да се извлечат поуки!

304

Македонија со пораз го стартуваше СП. Загубивме од Норвешка, веројатно очекувано, со убедливи 39:27. Секако дека имаше и позитивни моменти, посебно во тие први 20 минути.

За “Спортмедиа“ свој стручен коментар од овој натпревар дава Ристо Магдинчев, како што и беше најавено.

Генерално позитивни први 20 минути, а од убедливиот пораз секако дека треба да се извлечат поуки. Мене искрено ме изненади што темпото не беше така брзо, и од Македонија и од Норешка. Немаше премногу брза транзиција, немаше многу брз центар. Се играше поспоро од очекувањата. Мислам дека Македонија до тие 9:9 одигра навистина одигра добр, но после исклучувањето на Серафимов, Норвешка имаше серија од четири гола, потоа уште една серија од три голови и тоа беше тоа од овој натпревар. Токму затоа беа тие убедливи 18:11 по првиот дел“ вели Магдинчев.

Секако дека покрај добрите работи, нашиот стручен коментатор ги посочи и тие не толку добрите, или лошите.

Мислам дека во второто полувреме како и двете селекции како да го намалија темпото, се играше гол за гол, да, разликата во некои моменти растеше, но сепак и Македонија не `гризеше` како во првиот дел. Сакам да нагласам дека ме радува тоа што Талески се ослободи, шутираше, даваше голови. Митревски беше добар на голот, Петров исто така беше стрелец на неколку голови, за Манасков да не говорам. Е сега за лошит или не толку добри работи. Загубивме премногу топки, ми се чини 15. Во некои моменти правевме непотребни грешки, премногу солирање. Таа десна страна во нападот како да ја заборавивме. Одбраната не беше корегирана, тие 5-1 се виде дека против една силна и брза Норвешка не беше тоа што требаше да биде. Секако дека нашиот стручен штаб ќе знае што треба да стори. Нема потреба од големо разочарување, знаевме дека против Норвешка ќе биде вака, нашата шанса се дуелите со Холандија и пред се Аргентина“ заврши нашиот стручен коментатор.

Претходно„Јагуриноски е борбено момче, се надевам дека ќе го имаме против Холандија“
СледноАстон Вила го совлада Лидс и стигна до седмата победа сезонава (видео)