Академија Пандев се засилува со Леонел Ривас

1219

Тимот на Академија Пандев во своите редови носи аргентинец. И тоа не било каков туку играч кој има шест настапи за големиот Росарио Централ во неговата матична земја. Се работи за Леонел Ривас, 23 годишниот офанзивен играч за врска кој откако ја минал школата на овој аргентински гигант, заиграл за првиот, но и за вториот тим, минал кратко време во тимот на Талерес, а потоа се преселил во Грција, и настапувал за тамошниот второлигаш Алмопос, од каде што и пристигнува во Струмица.

Како што дознава Спортмедиа, Ривас во следните ден, два ќе се приклучи на тимот на Академија Пандев и ќе ги засили струмичани за пролетната полусезона.

Ривас секако е сериозно засилување затоа што ретко кога во домашниот ПМФЛ шампионат пристигнал играч што настапувал за така сериозен клуб.

 

ПретходноХоланѓаните приземјени: Имаме голем почит кон Македонија, ќе биде тешко!
СледноПОЛУВРЕМЕ ВО КРАКОВ: Македонија – Норвешка (11-18)