Арсенал со нова понуда за Мудрик: 70 милиони евра + бонуси

234

Преговорите меѓу Арсенал и Шахтјор за крилниот напаѓач Михаило Мудрик влегуваат во клучна фаза. Синоќа италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека „топчиите“ дале нова понуда за 22-годишниот фудбалер, кој е прв на листата на менаџерот Микел Артета. Најновата понуда е вредна 70 милиони евра плус голем број бонуси.

Според извештаите, двата клуба никогаш не биле поблиску до договор. Сепак, тие се уште не кажале „да“ за реализација на трансферот. Разговорите ќе продолжат денеска.

ПретходноФФМ секогаш со поддршка за ракометарите: Почнува нова ера – погледот нуди нови амбиции!
СледноЕкстра засилување за тетовци: Тотре се враќа во Шкендија!