По обвинувањата за силувања, сега веќе екс играчот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е прогласен за невин. На име на шест обвинувања за силување е донесена одлободителна пресуда, а за преостанатите две судот не можел да донесе конечна одлука.
Менди кој веќе извесен период е во притвор, има во моментов 28. години и веќе две години се бори за слобода по повод обвинувањата за силувања кои наводно се случиле во неговиот дом во Манчестер.
Во исто време, и пријателот на Менди, 48. годишниот Луис Саха Матир е прогласен за невин по повод три обвинувања за силување на две тинејџерки.