Екстра засилување за тетовци: Тотре се враќа во Шкендија!

927

Има големи шанси Енур Тотре, повремениот репрезентативец на Македонија, по две години одново да игра за Шкендија. Одличниот играч за врска, “детето“ на Шкендија има желба да се врати меѓу „црвено – црните“, има желба и од страна на клубот одново да го има во своите редови, има и почетни разговори и преговори, сега останува само да се договори начинот на кој Тотре би потпишал за Шкендија ако се знае дека Тотре е член на Ворскла Полтава од Украина.

А се знае што се случува во Украина. Според нашите сознанија, најлесно е Тотре да игра за Шкендија како позајмен играч.

Се разбира дека, ако ова се оствари, тогаш Шкендија ќе добие големо, големо засилување во своите редови.

ПретходноАрсенал со нова понуда за Мудрик: 70 милиони евра + бонуси
СледноСелекторот на Норвешка претпазлив: Македонија игра побрзо, имате опасен контранапад!