Покрај нашата ракометна репрезентација, денеска својот прв меч на СП во Полска и Шведска ќе го има и нашата најдобра судиска двојна, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Тие добија задача да ја делат правдата на натпреварот од групата „Х“ меѓу селекциите на Бахреин и Тунис, каде делегат ќе биде исто така нашиот Драган Начевски.