Кузмановски: Со толку многу технички грешки невозможно е да ја победиме Норвешка

139

Репрезентативецот Кузмановски вели дека самите се винивни за убедливиот пораз од Норвешка поради многуте технички грешки и падови во играта.

Со толку многу технички грешки невозможно е да ја победиме Норвешка. Им честитам на Норвежаните, одиграа одлично. Мислам дека самите сме виновни, самите направивме толку многу технички грешки во клучните моменти. Како да ви кажам, имаме некој пад во играта од две-три минути, а тоа е доволно да ни направат четири-пет гола разлика и после тешко е да се вратиш во игра и да стигнеш до посакуван резулат.

Ова е наш прв натпревар и сега со ладни глави и спремни да ги дочекаме останатите два натпревари. Ја имаме истата атмосфера од пред овој меч, не се предаваме и ќе одиме до крај. Имаме што да покажеме“, изјави Кузмановски.

ПретходноЕгипет ја декласира Хрватска, Србија убедлива со Алжир!
СледноМанасков: Не се покажавме во најдоброто светло, но во овие момци има сили!