Лазаров: Нема да се штедиме, одиме да видиме колку можеме

180

СПОРТМЕДИА во Краков, Марија Ковачева


Утрово во Краков нашата репрезентација полека се подготвува за првиот предизвик на Светското првенство. Селекторот Кире Лазаров пред новинарите ги соопшти и последните вести во пресрет на дуелот со големиот фаворит.

„Ние сме подготвени за цело Светско првенство. Ова е еден меч со репрезентација за која не треба многу да се зборува. Норвешка во 2017 и 2019 играше финале на СП и незадоволни заминаа затоа што не освоија злато. Секако дека и овде ќе атакуваат на златото. Во спортот треба да веруваш и во невозможното. Денеска сме во таква позиција. Нема што да загубиме, туку може само да добиеме. Нема да се штедиме воопшто, ќе тргнеме да играме и да видиме до каде можеме. Сакам да нагласам дека оваа генерација и досега направи многу и само поради тоа на момците треба да им се даде поддршка. Поминавме големи репрезентации и ги минавме сите тие скептици кои не веруваа дека оваа генерација може да ја продолжи традицијата на настапи на големите натпреварувања. Што и да се случи денеска, ние треба да продолжиме по нашиот пат. Играме со 7 дебитанти на ова СП и треба да бидеме внимателни, но од друга страна имаме и голема самодоверба“, потенцира Лазаров.

Тој дополни дека Талевски и Митревски се чувствуваат подобри по повредите, но се уште не се 100% подготвени за настап.

ПретходноБолница во Челзи: Закарија е 11. повреден играч во составот на Потер
СледноЖиру ќе потпише договор со Милан до 2025 година