Македонија доби јасна слика: Холандија ја реши Аргентина без мака!

172
Pedro Martinez from Argentina during the preliminary round group F match between Netherlands and Argentina at the Men's IHF Handball World Championship WCH 2023 in Krakow, Poland, 13 January 2023. Panoramic/Petr Stojanovski

Вториот противник на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство на дело покажа зошто е еден од фаворитите во нашата група Ф. На првиот дуел лесно и без пот дојде до двата бода, откако ја совлада Аргентина со 19-29 (11-14).

„Гаучосите“ само еднаш поведоа 2-1, по што Холандија предводена од Кај Смитс во овој период и неговите три гола поведе со 4-6, а потоа со нова серија од 1-6 дојде на највисоки плус шест (6-12) на стартот на 20 минута. Нешто подоцна, аргентинските ракометари се разбудија со четири гола, еден на Симонет, дојдоа на негатива од 11-13 на минута и помдо крајот. Кризата ја прекина, Кај Смитс од седум метри погоди за 11-14.

Оваа мала криза не ги размрда Холанѓаните, по само 12 минути игра во вторто полувреме дојдоа на плус седум (12-19). До крајот без проблем го приведоа дуелот во своја корист, во 57 минута поведоа со 17-27.

Лидер кај победникот беше Кај Смитс со седум гола, додека Шаген беше стрелец на 6 голови. На дргугата страна Џејмс Паркер запиша пет, а Диего Симонет 4.

Дуелот меѓу Македонија и Холандија е закажан за 15. јануари.

Во истиот термин, од 18 часот, се одиграа уште три средби на СП. Бахреин и Тунис по голема борба одиграа без победник 27:27, ова беше натпревар од групата – Х. Интересно беше исто и на дуелот меѓу Мароко и САД, од групата-Г, кој го добија Американците минимално со 28:27. Германија против Катар, дуел од групата-Е, успеа да забележи очекувана победа од 31:27. Кнор со 8 голови беше лидерот кај победникот.

ПретходноЧеферин од Белград: Регионална лига? Не ја исклучувам, но во моментов тоа е ризичен потег!
СледноПознат е составот на Македонија за дуелот со Норвешка!