Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва (20:30 часот) го игра првиот меч на Светското првенство. Во Краков избраниците на Кирил Лазаров ќе ги одмерат силите против Норвешка, која на оваа средба влегува како голем фаворит.
Јонас Виле, предводиникот на норвешката е претпазлив и покрај тоа што има тим за медал. Спред него Македонија игра многу поинаков ракомет, очекува силен отпор, според она што го видел на пријателските мечеви.
„Очекувам вечерва натпреварот да биде израмнет. Македонија има поинаков, но квалитетен состав кој сигурно ќе пружи силен отпор. Имав можност да ги гледам вашите последни натпревари. Играте поинаку од досега, побрзо и имате опасен контранапад“, ни изјави Виле пред денепната средба.