Митревски: Примавме лесни голови, секоја наша грешка беше казнета

119

Голманот Никола Митревски даде свој коментар за настапот на Македонија против еден од фаворитите за златото Норвешка.

Игравме со нив извесно време егал, но потоа тие искористија три наши грешки фактички и на тој начин и се одлепија. Потоа, уште еден таков бран. Технички грешки наши, брза нивна транзиција, а конечниот резултат е секако превисок. Имаме уште два натпревари пред нас ќе се фкусираме на нив. Покорпулетни се, играат добро одбрана, и секој наш избрзан шут или техничка грешка ја казнуваа, ја користеа на поставена зона на транзиција. Примавме доста лесни голови, а на таков начин е тешко да се спротивставиш на ваков калибар на играчи“, изјави Митревски.

ПретходноМанасков: Не се покажавме во најдоброто светло, но во овие момци има сили!
СледноНов погодoк на Елмас – македонскиот бисер го „здрви“ и Јувентус (видео)