Ова е херој: До вчера се бореше против канцерот, а денеска му требаа 7 минути за хет – трик! (ФОТО)

180

Фантастично, браво, прекрасни вести од таборот на Борусија Дортмунд поврзани со Себастијан Алер. Фудбалерот на БСК, кој до пред неколку месеци беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа, долго време, шест месеци, речиси до вчера, се бореше со тешката болест, со канцерот. И успеа да победи.

Веќе тренира со своите соиграчи од Борусија Дортмунд, а денеска на мечот со Базел, секако пријателски, за само 7 минути постигна хет-трик. Дортмунд победи со 6:0, а Алер стрелаше од 81 до 88 минута дури трипати.

Браво уште еднаш.

Image

ПретходноИ Беса ќе оди на подготовки во Анталија! (ФОТО)
СледноЧеферин од Белград: Регионална лига? Не ја исклучувам, но во моментов тоа е ризичен потег!