Партизан и се одмазди на Басконија, Барселона поразена дома од Ефес

93

Во Евролигата вечерва се одиграа пет натпревари. Во Белград, екипата на Партизан славеше убедлива победа над Басконија со 83:65 во меч од 19.коло на Евролигата. Шпанскиот тим допатува во главниот град на Србија без четворица играчи па не можеше да му парира на разиграниот „црно-бел“ состав.

Домашните уште во првата четвртина почнаа жестоко и ја стекнаа клучната разлика која ја одржуваа до самиот крај.Кај Партизан најефикасни беа Трифуновиќ со 15, Папапетру со 13 и Пантер со 12 поени. Кај Басконија најмногу поени постигна Маринковиќ – 16.

А Барселона го претрпе седмиот пораз сезонава, а вечерва на свој терен загуби од Ефес со 75:80. Во првата четвртина турската екипа направи предност од 21:9! Барселона во продолжение се обиде да поправи, во последната четвртина беше блиску до пресврт меѓутоа не успеа.

Кај Барселона се истакна Хигинс со 17 поени, а исто толку поени постигнаа и Ларкин и Мициќ кај Ефес.

На другите натпревари: Лион – Валенсија 79:83, Панатинаикос – Макаби Т.А. 88:86, Милано – Жалгирис 61:66.

 

ПретходноГлавата горе момци: Една загубена битка – не значи загубена војна (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТалески: Поразот од Норвешка нема да ни ја сруши самодовербата!