ПОЛУВРЕМЕ ВО КРАКОВ: Македонија – Норвешка (11-18)

144

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Норвешка на отварањето на Светското првенство има негатива од 18-11. Доколку навистина сакаме да направиме изненадување ќе мора да ја стегнеме одбраната, да ги намалиме техничките грешки. Имавме добри моменти, но и крајно лоши…

Норвешка поведе со 2-0, откако ние не реализиравме два напади. Првиот гол после пет минути го постигна Кузмановски зз 2-1. На наши грешки, противникот поведе со плус три (6-3), одбраната не беше на високо ниво. Митревски ја запиша првата одбрана, па на другата страна Јагуриновски намали на 6-4 (прв гол после две и пол минути), откако Норвешка остана без играч помалку.

Негативата од три гола, никако не успевавме да ја намалиме, Лазаров повика тајм-аут на средината на првото полувреме. Манасков од седум метри го постигна првиот погодок, Митревски се надоврза со втората одбрана, со нов гол на Деки од пенал, Македонија дојде на 8-7 во 17. минута. И ова не беше се, со нова одбрана на Митревски и погодок на Кузмановски, нашите ракометари израмнија на 9-9.

Исклучувањето на Серафимов, не чинеше три лесни гола во нашата мрежа, по нова техничка грешка, Норвешка за првпат на мечот поведе со плус четири (13-9) во 22. минута. Иако грешевме, вративме со два гола на Манасков и две одбрани на Митревски (13-11).

Како по некое непишано правило брзо примавме голови, овој пат на семафорот стоеја 18-11 или серија од 5-0. Во 27. минута се повреди Томислав Јагуриновски, беше изнесен на раце. На одморот негативата изнесува седум гола.

ПретходноАкадемија Пандев се засилува со Леонел Ривас
СледноMaнчестер Јунајтед се пофали со Вегхорст