Македонската ракометна репрезентација и на ова големо натпреварување има голема поддршка на трибините. Најверните дојдоа во Краков, не им беа проблем илјадниците километри. Се собраа од сите страни.
Во „Таурон Арената“ трибините се обоени во „црвено-жолта“ боја, има околу 1.000 навивачи. Атмосферата за мерак, ова ќе биде повеќе од доволно за мотив против силната Норвешка.