Ракометниот Меси: Ако играме вака, ни на сон нема да ја победиме Македонија!

1830

Аргентина не е толку силна колку што некои ја фаворизираа. „Гаучосите“ вечерва беа надиграни од Холандија, беа кратки минутите кога беа рамноправен противник. Ракометниот Меси, Диео Симонет по мечот изјави дека со ваква игра нема да ја победат Македонија. Тие во нас гледаат шанса за да се најдат во главната рунда.

„Ако играме вака, ни на сон не можеме да ја победиме Македонија. По ова денеска, знаеме дека тој натпревар ќе биде финале за нас. Но, имаме голема почит кон македонскиот тим, тоа е екипа составена од професионалци. Во Аргентина, знаете тоа не е така. Ако сакаш да играш, треба да платиш, па затоа сите одат во странство за да играат. Сеедно, мислам дека на тој натпревар кој помалку ќе греши, тој ќе победи, изјави Диего Симонет по натпреварот со Холандија.

Македонија и Аргетина играат на 17. јануари, ова е последен меч од групната фаза.

ПретходноРакометарките на ЖРК Ѓорче Петров славеа против Јарослав!
СледноПрепознатлива слика на трибините: Вака се сака Македонија, капа доле за македонската фаланга (ФОТО)