Повеќе од две децени на овие простори се провлекува идејата за екс – СФРЈ лига, или балканска или некој вид регионална лига. Секако дека тука мислиме на фудбалска.
Регионални лиги имаат во ракомет, кошарка, ватерполо, бокс, но во фудбалот никако истата да се дојде до израз.
Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, денеска престојуваше во Белград, па секако дека му беше поставено и такво прашање, а тој одговори во нему својствен стил:
“Не ја исклучувам таа идеја, да се формира регинална фудбалска лига. Сепак, во моментов тоа е ризичен потег. Ризично е да се формира таква лига во регионот или на просторите на бившата држава“ истакна Словенецот.