Што велат обложувалниците: Какви шанси и даваат на Македонија?

395

Светското првенство кое се одржува во Шведска и Полска стартуваше. За Македонија официјалниот почеток е денеска, Македонија игра против Норвешка (20:30 часот). Покрај оваа селекција во групата Ф во се најдоа и Холандија и Аргентина.

Македонската ракометна репрезентација на ова првенство ја почнува најавената промена на генерации, ќе биде прво големо натпреварување без имиња како Лазаров, Стоилов, Миркуловски…Па токму затоа како земја сме аутсајдери во нашата група,

Обложувалниците ги извадија коефициентите околу тимовите кои се најголеми фаворити за златниот медал, како и за имињата кои имаат шанси да се најдат во главната рунда.

Македонија според обложувалниците битката за пласман во следната фаза ќе ја бара против Аргентина и двете репрезентации имаат коефициент 21.00. Секако фаворит е Норвешка, првиот противник на ова СП со коефициент (1.14), додека за Холандија да ја освои групата е 8.00.

Што се однесува до репрезентациите кои се најголеми фаворити, на прво место е Данска бранителот на тронот. Дека оваа земја ќе го подигне пехарот, коефициентот е 2.40, по неа следи Франција со 5.50, додека на третото место е Шведска со 6.00.

Од противниците на Македонија во групната фаза, коефициентот дека Норвешка ќе се искачи на тронот е 19.00, таа се најде на шетото место, додека Холандија е 15-та со 201.00.

Доколку некој верува дека Македонија може да приреди изненадување, коефициентот е 301.00. Обложувалниците не и веруваат во овој случај на Аргентина, која има коефициент 501. Од репрезентации од кои најмалку се очекува нешто на Мундијалот се Чиле, Зеленортски острови, Уругвај, Мароко, Сад и Белгија.

ПретходноПротекоа скандалозни пораки од Барса за Меси: Тој е „хормонално џуџе“ и „канализациски стаорец“
СледноБолница во Челзи: Закарија е 11. повреден играч во составот на Потер