„Јагуриноски е борбено момче, се надевам дека ќе го имаме против Холандија“

1648

На сета мака, по поразот од Норвешка, македонската ракометна репрезентација ќе биде во неизвесност за повредата на Томислав Јагуриноски. Тој во 27 минута се повреди, на раце беше изнесен од теренот. Станува збор за повреда на скочниот зглоб, добрата работа е што гази на ногата, но ќе се чекаат снимките за да се има целата слика.

„Првите мислења на медицинскиот тим се дека повредата не би требало да е сериозна. Секако, сега ќе направиме снимки, па ќе знаеме поточно за што се работи. Сепак тој е борбено момче, се надевам ќе го имаме за Холандија. Кога би го немале Јагуриноски би било огромен хендикеп за нас. Тој е сепак малку поискусен од Серафимов, потребен е и во напад и во одбрана“, рече Лазаров по мечот.

Македонија вториот меч на Светското првенство го игра во недела против Холандија.

ПретходноЈуве демолиран од Наполи – прими пет гола на меч за прв пат по мај 1993 година! (видео)
СледноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Позитивни први 20 минути, од поразот да се извлечат поуки!