Манасков: Не се покажавме во најдоброто светло, но во овие момци има сили!

95

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Норвешка (39-27) стартуваше на Светското првенство. Нашите момци направија голем број на технички грешки, кои против една селекција како што е Норвешка се недозволиви. До 20. минута, избраниците на Кирил Лазаров беа рамноправен противник, по што следеше серија на грешки, кои противникот ги казнуваше лесно.

Веднаш по оваа средба нашите момци вртат лист, веќе за два дена е дуелот со Холандија, нова шанса за прва победа и сигурно чекорење кон следната рунда. Дејан Манасков еден од најискусните не ја губи вербата.

„Имаме сили да го надминеме поразот. Денеска потфрливме, меч со толку изгубени топки против една репрезентација не се дозволиви. Заслужено победија. Мора да ги поправиме грешките бидејќи Холандија игра слично. Не се покажавме во најдоброто светло, има сили во овие момци, против Холандија ќе бидеме подобри. Не е Норвешка, но многу трчаат, мора да бидеме на ниво на задачата. Остануваме фокусирани на целта да се пласираме во следната фаза, верувам дека тоа е достижно без оглед на денешниот резулта“, изјави Манасков по поразот. 

ПретходноКузмановски: Со толку многу технички грешки невозможно е да ја победиме Норвешка
СледноМитревски: Примавме лесни голови, секоја наша грешка беше казнета