Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров славеа против Јарослав!

57

Ракометарките на Ѓорче Петров, шампионките на Македонија, се блиску од пласман во 1/4 финалето на Европскиот куп на ЕХФ. Имено вечерва, во првиот осминафинален меч во салата во Автокоманда, формално како гостинки, славеа во првиот меч против Јарослав од Полска со 27:26.

Николиќ со 11 голови кај нашиот претставник беше најефикасна на натпреварот, додека голманката Кицеска имаше 15 одбрани.

Реваншшот, на кој формално домаќин ќе биде составот на ЖРК Ѓорче Петров е закажан за утре (сабота) во 18 часот.

ПретходноПознат е составот на Македонија за дуелот со Норвешка!
СледноРакометниот Меси: Ако играме вака, ни на сон нема да ја победиме Македонија!