Холандија со убедлива победа стартуваше на Светското првенство, беше подобра од Аргентина со убедливи 29-19. „Лалињата“ се втор противник на македонските ракометари во групната фаза, иако вечерва без доминантни, сепак нивниот селектор е претпазлив.
„Имам голема почит кон македонската репрезентација и знам дека ќе биде тежок меч за нас. Досега се фокусиравме на Аргентина, во следните два дена фокусот ќе биде свртен кон Македонија, очекувам добар меч и се надевам на наша победа“, прокоментира холандскиот селектор.
Дуелот меѓу Македонија и Холандија се игра на 15. јануари со почеток во 18 часот.