Видиќ ќе се кандидира за прв човек на српскиот фудбал

142
ФОТО: Nemanja Vidic/X

Некогашниот српски репрезентативец Немања Видиќ ќе влезе во трката за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија. Поранешниот репрезентативец јавно ја објави желбата да го преземе раководството на српскиот фудбалски сојуз.

Изминативе денови, Видиќ имал средба со Александар Чеферин во Белград, по која претседателот на УЕФА, неофицијално му дал поддршка на Видиќ за кандидатура за претседателското место во српскиот фудбал.

Изборното собрание ќе треба да се закаже што поскоро, по што останува да се видат и останатите кандидатури.

ПретходноКаков шамар за Клоп: Брајтон го декласира Ливерпул со 3:0!(ВИДЕО)
СледноПешевски: Стеинс прави чуда на теренот, верувам дека ќе одговориме на предизвикот!