Денвер без Јокиќ го освои ЛА (ВИДЕО)

105

Денвер дојде до 29. победа оваа сезона со која се наоаѓа на врвот во Западната конференција. Без помошта на најдобриот кошаркар, Никола Јокиќ на гостувањето кај ЛА Клиперс славеше со убедливи 103-115.

Српскиот кошаркар не е во составот на Нагетси поради проблем со зглобот на десната рака. Во негово отсуство работите на теренот ги превзема Џамал Мареј кој постигна 24 поени, четири скока и осум асистенции. Зад него беше Портер Јуниор со 22 поени, на другата страна Ленард имаше 24 поени.

Резултати: Детроит – Њу Орлеанс 110:116, Индијана – Атланта 111:113, Вашингтон – Њујорк 108:112, Сан Антонио – Голден Стејт 113:144, Чикаго – Оклахома 110:124, Минесота – Феникс 121:116, Јута – Орландо 112:108, ЛА Клиперс – Денвер 103:115, Сакраменто – Хјустон 139:114.

ПретходноНеверојатно: Има 2 милиони побарувања за билети за дуелот Меси VS Роналдо во Ријад!
СледноХРВАТИТЕ ВО НОКДАУН: Најтежок пораз на стартот после 21 година!