Кога се чинеше дека ракометарките на ЖРК Ѓорче Петрoв, посебно по вчерашниот триумф како “гости“ во Авоткоманда, славеа победа со еден гол разлика, дека ќе успеат да се пласираат во ТОП-8 во Европскиот куп, сепак тоа не се случи. Во реваншот денеска, во 1/8 финалето. исто така одигран во Автокоманда во Скопје, сега како домаќинки, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петровј загубија од полскиот Јарослав со убедливи 22:30 и со тоа се простија од Европа. Затоа велиме штета,шансите беа тука за да се испише историја, но ете, Јарослав кога требаше најмногу покажа најмногу и заслужено оди натаму.