Килде победи во спустот во Венген, а Брињоне во супер-џи во Ст.Антон

96

Александар Омод-Килде ја запиша втората победа за два дена во швајцарскиот зимски центар Венген. Норвежанецот победи во Супер-џи во петокот, а денеска триумфираше и во спустот. Во петокот зад него се пласира швајцарското дуо Рогентин и Одермат. Денеска втор беше Одермат, а трет Италијанецот Матија Касе.

Килде има шест победи во досегашниот дел од сезонава во Светскиот куп. Утре на програмата е слаломот исто така во Венген.

Во женска конкуренција триумф на Италијанката Фредерика Брињоне во супер-џи во австриски Ст.Антон. Второто и третото место го заземаа Швајцарките Јоана Ален и Лара-Гут Бехрами. Утре во Ст.Антон ќе се одржи уште една трка во супер-џи.

Во генералниот пласман во машка конкуренција лидер е Марко Одермат, а зад него е Александар Омод Килде. Во женска конкуренција лидер е Микаел Шифрин, а втора е Петра Влхова.

 

ПретходноНа целата управа на Евертон им е наредено да не доаѓа на стадион
СледноСловенија убедлива против Полска, Унгарците со пресврт славеа над Исланд