Лазаров: Холандија е екстра-квалитетна – имаме шанси!

199

Нема губење верба, утре е нов ден. Во спортот се расте од поразите, па нашите момци на чело со селекторот, Кирил Лазаров во Краков дојдоа да покажат дека македонската нација треба да верува во нив.

Ниту утре нема да биде лесно, Холандија против Аргентина покажа зошто гласи за квалитетна репрезентација, која игра брз и модерен ракомет.

„Сите знаеме, а и вчера Холандија покажа дека се работи екстра квалитетна репрезентација. Покажа дека модерен и брз ракомет, и треба добро да се измачиме и да се испотиме доколку сакаме да извојуваме победа. Денеска целиот ден го искористивме за нивна анализа, иако и за време на подготовките гледавме доста нивни натпревари, чисто споредивме дали се работи за истите работи што играат. Мислам дека имаме шанси, треба позитивно да размислуваме.

Лук Стеинс е продолжена рака на тренерот, како што е во Париз на Раул, овде е на Олсон. Играч од таков калибар доста работи приметува на теренот и ги поставува работите како треба и се адаптира. Тоа им е голем квалитет. Сѐ уште играат на високо ниво, како во Унгарија. На високо ниво и во одбрана и во напад. Ќе мора многу добро да се подготвиме и многу сериозно да пристапиме на тој меч. Секој момент знаат што прават и дефанзивно и офанзивно. Треба да бидеме 60. минути екстра квалитетни, секако доколку сакаме да извојуваме победа“, рече Лазаров. 

Предводникот на нашиот национален тим вели дека атмосферата е довра, а дека вербата за изненадување против Норвешка доволно говори за нивниот мотив на ова првенство.

„Ние сме Македонци, поверувавме, сакавме да направиме изненадување, меѓутоа беше невозможна мисијазатоа што самите видовте дека Норвешка е многу квалитетен противник. Тоа вчера и го докажа, не сфатија сериозно. По самите нивни изјави се виде дека не сфатиле сериозно, дека виделе дека има квалитет во нас. Така и се поставија. Момците се добро. Како што минува времето, така ќе се врати и расположението. Ние на секој натпревар, треба да бидеме со добра мисла ако сакаме оваа нова генерација да ресте. 

ПретходноМилан губеше со 2:0, на крај освои бод кај Лече!
СледноБрентфорд го победи и Борнмут и врза седум меча без пораз (видео)