Македонскиот интернационалец во редовите на турска Адана Јован Манев, и денеска беше стартер за својот тим, и притоа е извојувана победа на домашен терен од конечни 3:1 против тимот на Анкарагучу.
Тренерот на Адана, Монтела и денеска се одлучи да му даде комплетна доверба на Манев, а младиот стопер и тоа како возврати со доба игра. Цели дведесет минути како дел од тимот кој со овој триумф уште повеќе се приближи кон самиот врв на табелата.
Ова за Манев беше втор старт за тимот на Адана во шампионатот и втора победа.
Одличен скор за младиот дефанзивец кој покажува дека не случајно се наоѓа таму каде што е во моментов, во една од најсилните лиги во Европа, и дека наскоро ќе се најде како на списокот на селекторот Благоја Милевски, а потоа и во стартниот состав на А репрезентацијата.