Милан одигра само 2:2 кај Лече, освои бод, но можеше многу лесно и да загуби ако се знае дека губеше со 2:0.
Секако загубени се два драгоцени бода за шампионот во битката за тронот во Серија А сезонава.
Домашниот состав, тимот на Лече во 23.минута имаше сензационално водство од 2:0. Прво Тео Хернандез си постигна автогол, за да Баширото погоди за 2:0.
Кога видоа дека нема шега со домашните, Милан во вториот дел заигра подобро, и успеа да дојде до бод, едноставно немаше сила за победа. Рафаел Леао во 58.минута погоди за 2:1, за да во 71.минута Калабрија ги постави конечните 2:2 на стадонот “Виа дел Маре“.