Она што беше најавувано во неколку наврати, од денеска е и официјално. Дарко Илиески и официјално се врати на Чаир и во следните шест месеци ќе го носи дресот на шампионот, на тимот на Шкупи. Илиескикој во изминатиот период беше еден од клучните играчи на Струга ТЛ, по пауза од две години повторно ќе игра за тимот на Шкупи.
Инаку шампионот денеска се пофали со уште едно ново име. Тоа голманот Стефан Митрев, кој има само 19 години. Митрев досега беше член на Беласица, но од денеска и официјално е фудбалер на Шкупи.