Костадин Петров е еден од оние момци кои доби шанса да заигра на едно големо натпреварување како што е Светското првенство. Во своето деби постигна четири гола, жали што пред крајот на првото полувреме противникот направи предност, но истовремено верува дека Македонија ќе има што да покаже.
„Чест и задоволство ми е да го носам овој дрес. Како ја, така и сите играчи сакаа да одиграат добро, да го дадат максимумот, тимско да се покажеме во добро светло. Во првите 20 минути бевме добри, Митревски беше распложен на голот, фати зицери. Во последните минути ги изгубивме главите,игравме поинаков ракомет, беше договорот да играме брзо, но паметно, направивме технички грешки, после беше тешко да се вратиш против екипа која се бори за медал.
Пробавме со седум на шест, но тие пет-шест минути ни падна концентрацијата.
Штета можевме да одиграме подобро, да не биде толку голема негативата. Главата горе имаме уште многу натпревари да се поправиме индивидуално и тимски и да се радуваме на победи“, изјави Петров.
Македонија утре игра против Холандија која на стартот убедливо ја совлада Аргентина.