Брентфорд го победи и Борнмут и врза седум меча без пораз (видео)

104

Екипата на Брентфорд го победи и Борнмут и со тоа ја продолжи одличната серија во Премиер лигата. „Пчеличките“ славеа со 2:0 со головите на Иван Тони од пенал во 39 минута и на Микел Јенсен во 75 минута.

Тоа е седми меч без пораз. Серијата почна по поразот од Астон Вила во октомври минатата година. Следуваше реми со Вулверхемптон (1:1) и со Нотингем Форест (2:2), па триумф на гости кај Манчестер Сити (1:2), реми со Тотенхем (2:2), победи над Вест Хем (2:0), Ливерпул (3:1) и сега Борнмут (2:0).

Само Арсенал и Манчестер Јунајтед собраа повеќе поени од нив од последните седум меча во Премиер лигата.

Седум меча без пораз е нивна најдобра лигашка серија после мај 2021 година.

ПретходноЛазаров: Холандија е екстра-квалитетна – имаме шанси!
СледноПресврт во случајот Мудрик: Челзи им го „лапна“ фудбалерот од пред нос на Арсенал