Георгиевски: Пред Норвешка се договоривме, што и да се случи – нема да дозволиме да се наруши атмосферата!

262

Ден по поразот од Хорвешка, мотивот и самодовербата во редовите на македонската ракометна репрезентација не се менуваат. Со оглед дека станува збор за една од земјите од кои се очекува да бидат меѓу Топ5 на овој Мундијал, нашите момци останува само да извлечат поука и да продолжат напред.

До крајот на групната фаза остануваат уште два натпревари, против Холандија утре (18 часот) и против Аргентина на 17. јануари, исто во 18 часот.

Нашите момци денеска продолжуваат со подготовката за Холандија, еден од поискусните вели дека нема да дозволат атмосферата да биде нарушена. Холандија е еднакво квалитетна репрезентација, која бара исто меч без грешки.

„Ние и пред овој меч меѓу нас имавме разговори дека што и да се случи, не смееме да дозволиме тоа да ни ја наруши атмосферата. Не верувам дека овој пораз би можел да остави посериозна трага врз нас, треба да се фокусираме на наредниот натпревар што побрзо, да ја заборавиме Норвешка, што поскоро го направиме тоа, тоа подобро за нас. Малку ја гледавме Холандија со Аргентина, тоа е селекција со неверојатно брз ракомет и транзиција, тоа е она во што ќе треба да ги запреме, брзиот центар што го играат по секој примен гол и контранападите се она што главно ќе треба да го неутрализираме. Искрено, изненадени сме што победија со десет гола разлика против Аргентина, но одиграа одличен меч, а и нивниот голман блескаше. Тоа е само доказ колку квалитетна репрезентација се Холанѓаните и дека нивните резултати на последното европско првенство воопшто не беа сличајни“, изјави Гоце Георгиевски.
ПретходноНавивачите на Наполи му дадоа нов прекар на Елмас – „El Massimo“!
СледноНе ми требаш повеќе: Новак го “отпушти“ Иванишевиќ па бараше совети од публиката! (ВИДЕО)