Елиф Елмас синоќа се запиша во листата на стрелци во убедливиот триумф на Наполи на дуелот против Јувентус на домашен терен од 5-1.
Македонскиот репрезентативец влезе од клупата, одигра нов одличен натпревар, ја затресе мрежата на „Старата дама“, а потоа доби нов прекар од навивачите на Наполи – „El Massimo“.