На целата управа на Евертон им е наредено да не доаѓа на стадион

273

Деветкратниот англиски шампион Евертон се наоѓа во неверојатна криза, сместен е во опасната зона и мака мачи како да излезе од таму. Незадоволството кај навивачите е се поголемо, а поради тоа клубот објави соопштение во кое нагласува дека на целата управа и е наредено, поради сигурносни мерки, да не доаѓаат на мечот против Саутемптон (пораз од 1:2).

Претседателот Бил Кенрајт, извршната директорка Денис Барет-Баксендејл, главниот финансиски и стратешки директор Грент Инглс и директорот Грем Шарп ги прифатија сигурносните процени кои ги направија советниците. Членовите на управата добија наредба после злонамерните закани кои клубот ги прими и се почестите инциденти вклучувајќи и физичката агресија на претходните домашни натпревари“, наведоа од Евертон.

Потпаролот на клубот порача дека ова е првпат Евертон да мора да и нареди на целата управа да не присуствува на натпревар од безбедносни причини.

Неодамна сопственикот Фархад Мошири неодамна одлучи да го остави тренерот Франк Лампард на клупата и покрај очајните резултати.

 

ПретходноЧеферин за Реал: Мислат дека се елита и дека сите треба да им се поклонуваат
СледноКилде победи во спустот во Венген, а Брињоне во супер-џи во Ст.Антон